Црквите во тетовските села Копанце во општина Јегуновце и Радиовце во општина Брвеница биле ограбени ноќта меѓу вторникот и средата, инфомира тетовската полиција. Во Копанце засега непзонати сторители извршиле кражба во црквата „Свети Никола“ во селото.

-При извршениот увид е констатирано дека откако не успеале насилно да ја отворат влезната врата насилно, ја провалиле металната каса поставена до вратата и одзеле околу 1000 денари во разни апоени. Потоа со камења го скршиле прозорецот од источната страна на црквата, влегле внатре и од отворената каса одзеле околу 1500 денари. Со одземените парични средства, преку претходно скршениот прозорец, ја напуштиле црквата и незабележани од никого, се оддалечиле од местото, соопштија од СВР Тетово.

Во истиот период ноќта помеѓу вторникот и средата кражба е пријавена и во црквата „Свети Атанасија“ во тетовското село Радиовце. Сторителите најпрво го скршиле стаклото од десната страна на влезната врата, целосно ја пребарале внатрешноста и од иконите и делот за палење свеќи, одзеле од 500 до 1000 денари во разни апоени.На ист начин како што влегле, така и излегле од црквата и заминале во непозната насока.

За двата случаи полицијата започна истрага за откривање на сторителите.