Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца на возраст од 16 години, еден од 15 и еден 12 од години), поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“, а во врска со нападот со нож во скопската населба Бутел.
Како што информираат од МВР, таткото на 12-годишникот ќе добие кривична пријава за „запуштање и малтретирање на дете“, бидејќи токму неговиот син замавнал со ножот.
Малолетниците на 6 декември околу 19.30 часот на улицата „Александар Урдаревски“ физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет повредил 15-годишник, кој по укажана лекарска помош во градската болница „Свети Наум Охридски”, бил пуштен на домашно лекување.
Набргу потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.