Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот, денеска одржa седница на која едногласно бил усвоен деловникот за работa.
Претседателката на работната група за уставни измени, Маргарита Цаца-Николовска, кажа дека деловникот ќе биде објавен утре на страната на Министерството за правда.
Од страна на претседателката, деловникот беше оценет како добар. Рече дека истиот претставува добра основа што дава можност за работа без навлегување во дискусии што ќе ја одовлекуваат работата.
-Рокови немаме зацртано, но немаме многу време – рече таа.
Како што беше посочено, работната група ќе се состанува многу почесто, генерално еднаш во неделата. Не можеше да каже колку амандмани може да се изработат бидејќи, како што рече, групата треба да има одредени аргументи за нивните одлуки.
-Приоритет во работата е да се стигне со време, за да може колку е можно побрзо државата да ги презентира резултатите кои што ги има од меѓународниот договор – рече Цаца-Николовска.
Следната седница ќе се одржи за една недела, в петок на 26 мај.