Фото: Маја Јаневска - Илиева

Точно напладне, матурантите од шест соседни земји на скопскиот плоштад „Македонија“ го одиграа познатиот танц квадрил во рамки на годинешната манифестација „Матурската парада“.

Оваа година на „Матурската парада“ учествуваа матуранти од Словенија, Србија, Словачка, Македонија, Црна Гора и Унгарија со педесетина градови.

Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева

На „Матурската парада“ учествуваа матуранти од Скопје, Гевгелија, Охрид и Струга. Скопје го претставуваа матуранти од Васил Антевски-Дрен, Владо Тасевски, Михајло Пупин, Раде Јовчевски-Корчагин, Здравко Цветковски, Димитар Влахов, Арсени Јовков, Браќа Миладиновци, Кочо Рацин, Шаип Јусуф, Георги Димитров, Панче Караѓозов, Јосип Броз Тито, МБУЦ Илија Николовски-Луј.

Организатор на „Матурската парада“ е Дирекција за култура и уметност на Скопје во соработка со Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“. Покровител на манифестацијата е Град Скопје.

Во изминатите четиринаесет години на парадите учествувале матуранти од стотина градови од Македонија, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и од Австрија и вкупната бројка на учесници надминува 450.000 матуранти.