фото: Кабинет на претседателката

На платото пред Кабинетот на претседателката во вила Водно денеска беше одржана церемонија на свечено менување на државното знаме на која присуствуваа претседателката Гордана Силјановска Давкова и ученици од ООУ „Јан Амос Коменски“ од Скопје, од ООУ „Драга Стојановска“ Сопиште и од ООУ „Кузман Јосифовски Питу” Кисела Вода, Скопје.

Церемонијата на менување на државното знаме беше извршена од припадници на баталјонот за почести, а се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон државното знаме, како репрезент и симбол на нашата држава.

фото: Кабинет на претседателката

– По завршување на церемонијата, учениците од трите основи училишта се запознаа со претседателката Силјановска Давкова и со неа поразговараа за претседателската функција, за надлежностите и редовните активности, при што ги споделија нивните интереси и афинитети во рамки на образовниот процес – информира Кабинетот на претседателката.

За време на престојот во Кабинетот на претседателката учениците ги посетија просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и салите во коишто се реализираат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Свечената сала во Кабинетот, основците го разгледаа импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ на академик Глигор Чемерски.