Фото: Принтскрин

На анализа на договорот со Бехтел и Енка се работи со полна пареа, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска.

Како што рече, поброен тим ќе работи на овој предмет, а веќе им се поделени задачите.

– Има неколку советници од кои дел се вклучени во делот за јавни набавки, некој во делот за работни односи, некој е вклучен како истражител, а некој прави анализа на законите што треба да се донесат. Така што се е опфатено“ – рече таа.

Не можеше да каже датум кога би завршиле со анализата на договорот, но вели дека сакаат тоа да се случи што поскоро, иако, како што кажа, се работи за предмет кој бара повеќе работа и анализа.

Антикорупциската комисија во петокот го доби Договорот со американско-турскиот конзроциум „Бехтел и Енка“ за изградбата на коридорите.