Фото: Архива

Албански државјанин при изведување градежни работи во селото Баланци, општина Центар Жупа, се здобил со тешки повреди и починал.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски потврди дека се работи за 41-годишен жител од Пешкопеја.

– Вчера во 16:20 часот, во Одделението за внатрешни работи во Дебар е пријавено дека, Т.Д.(41) од Пешкопеја-Република Албанија, при изведување градежни работи во селото Баланци, општина Центар Жупа, се здобил со тешки телесни повреди и починал, изјави Димовски.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи и овластени лица од Државниот инспекторат за труд.

На подрачјето на оваа и соседните општини Дебар и Маврово и Ростуше, албански државјани од пограничните населени места се ангажирани како градежни работници, дрвосечачи, но и во сточарството.