Со панихида и полагање на цвеќиња денеска на рускиот крст на Германските гробишта во Прилеп, Амбасадата на Руската федерација го одбележа 1 Август, Денот на сеќавањето на руските војници, кои загинаа во Првата светска војна (загинаа околу 2,2 милиони, а 3,7 милиони беа ранети).
Притоа Сергеј Баздникин, амбасадор на РФ, посочи дека Русија и денес ги брани своите интереси и прави се што е потребно за да обезбеди суверенитет и безбедност и да ги штити интересите на руските граѓани и сонародниците.
-Отворени сме за соработка со други земји исклучиво врз основа на реципроцитет, со почитување на принципите на еднаквост… Нашите народи се врзани со вековни врски, пријателство и почитување, културна соработка. Тоа може да буде основа за обновување на врските кога за тоа ќе се појават услови – рече амбасадорот Баздникин.

На одбележувањето присуствуваа претставници на Советот на Општина Прилеп и од Македосно руското друштво Прилеп. Ка.М.

Фото: Ка.М.