Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и владина делегација во состав заменик-претседател за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, учествува во работата на главната дебата на годинашното Генерално Собрание на Обединетите нации.

Шефовите на држави и влади и членовите на нивните делегации дојдоа со заложба да ги поттикнат акциите за заштита на планетата утврдени со Парискиот договор. На меѓувладиниот панел за климатски промени, беа презентирани и усогласени национални агенди за намалување на емисиите на јагленороден диоксид и други честички што ја уништуваат озонската покривка и што го загадуваат воздухот.

Справувањето со климатските промени како носечка тема оваа година на Генералното собрание на ОН има за цел да го помогне остварувањето на Одржливите цели за развој усвоени во 2015 година, кои дополнително ќе бидат евалуирани на уште еден од петте самити на собранието оваа година.

Присуството на највисоки претставници на земјите членки на ОН, шефови на држави и влади, делегацијата на Владата на Република Македонија ќе го искористи за повеќе билатерални средби и учества на повеќе форуми, собири и други настани на маргините на 74-тото Генерално собрание на ОН.

Премиерот Заев и членовите на владината делегација ќе оствари одделни средби со премиерот на Естонија, Јури Ратас и со делегацијата на Азербејџан, предводена од Министерот за надворешни работи, Новруз Мамадов.