Вработен од битолскиот затвор на возраст од 47 години почина од ковид-19 во Клиничката болница во Битола. Ова го изјави директорката на Клиничката болница во
Битола, д-р Билјана Гагачовска.

Притоа таа изјави дека во битолскиот затвор позитивни на ковид 19 се 16 осуденици, кои имаат лесни симптоми, а едно лице е примено да се лекува во битолската болница.

– Пациентот беше примен во тешка состојба со добиен податок дека десетина дена имал симптоми. Примен е на 24 декември поради влошена состојба и пад на сатурацијата. Иако му беше дадена соодветна терапија и преземени лекарски мерки, пациентот почина утрото на 25 декември – ни изјави д-р Гагачовска.

Директорот на битолскиот затвор, Драган Крајовски ни потврди дека се тестирани 20 осуденици од кои 16 покажале дека се позитивни на коронавирусот.

За сите нив предложено е лекување во домашни услови со редовни контроли од медицински персонал. М.М.