Фото: Игор Бансколиев

Во предлозите доставени до Комисијата за заразни болести

Независната угостителска комора (НУК) утрово испратила барања до Комисијата за заразни болести и до Министерството за здравство во кои бара укинување на ограничувањето на работното време и на одлуката за забрана со работа во внатрешните делови на угостителските објекти, или пак, дозвола за работа во внатрешноста на објектите кои имаат т.н. „златен сертификат“.

Се бара и укинување на забраната за настап на музички групи во угостителските објекти, како и да се дозволи одржување на настани, прослави и веселби во сите угостителски објекти, во согласност со предлог-протоколи што допрва треба да се изготват. НУК предлага и да се дозволи на иста маса соодветно да седат шест или повеќе лица.

Од НУК сметаат дека Комисијата за заразни болести ќе ги земе предвид предлозите при носењето одлука за нови мерки.

Полицискиот час до вторник ќе почнува на полноќ и трае до 4 часот изутрина. Отворените делови на угостителските објекти ќе работат до 23.30 часот, а може да се одржуваат настани во затворен простор со исполнетост на 30 отсто од капацитетот, согласно протоколите.