Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски е позитивен на ковид-19. Информацијата ја објави на Фејсбук, посочувајќи дека има лесни симптоми.

– Поради лесни симптоми, направив ковид-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоѓа начини, но заедно ќе го победиме – информира Николовски.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во понеделникот објави дека има благи симптоми и направил тест на кој добил позитивен резултат.