Србија за осум недели тестирала вкупно 48.636 лица и регистрирала 7.114 заболени пациенти, дека од епидемијата на коранавирус починале 134 пациенти, српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

– Во изминатите 24 часа, во Србија се потврдени 224 нови случаи на коронавирус по извршени 3.266 тестови, а четворица починаа – рече Лончар на прес-конференција.

Од избувнувањето на епидемијата се заразени 7.114 лица, а 134 починале.Од вкупно 3.266 пациенти кои се во болница, 103 се на респиратор, а вкупно 1.025 се излечени.

Меѓу пациентите има 622 вработени во здравствениот систем, а 420 се хоспитализирани. Епидемиолозите проценуваат дека крајот на епидемијата може да се очекува кон средината на мај, помеѓу 10. и 12. недела од избувнувањето во Србија.