Шефот на француската државна здравствена служба изјави дека Париз и Марсеј се прогласени за ризични зони поради коронавирусот, откако властите објавија дека има нагло зголемување на бројот на заразени лица.

Жером Саломон, зборувајќи на радио Франс Интер, предупреди дека „ситуацијата се влошува од недела на недела“ во земјата. Тој вели дека кластерите на вируси се појавуваат секој ден по семејни собири, големи забави и други собири поради летните одмори.

Владин декрет издаден во петокот им дозволува на властите да воведат построги мерки на подрачјето на Париз и Марсеј, објави АП.

– Сѐ повеќе и повеќе луѓе кои се позитивни. Сѐ повеќе луѓе доаѓаат во болниците, треба да реагираме пред да се зголеми бројот на починати – вели Соломон.

Националната здравствена служба во четвртокот објави 2.669 новозаболени, со што стапката на заболени во Франција на 100.000 лица е над 30 отсто.