Германија сака да купи до 30 милиони дози од руската вакцина „спутник В“ против ковид-19 во јуни, јули и август, изјави денеска премиерот на германската покраина Саксонија, Михаел Кречмер.

Предуслов за тоа, како што додаде, е Европската агенција за лекови да даде одобрение за нејзина употреба.

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, претходно месецов рече дека Германија преговара со Русија за прелиминарен договор за набавка на вакцината „спутник В“, потсетува „Ројтерс“.