Закачалка за леб / Фото: Маја Јаневска-Илиева

ФОТОМОМЕНТ

Во скопската населба Тафталиџе, во близина на пазарот, поставена е закачалка на која граѓаните оставаат леб, за да го земат оние кои не можат да си купат.

Кој ја поставил, не знаеја да ни кажат од локалните продавници. Она што се чини најбитно, таа се користи, не само за леб, туку и за други продукти и облека.