Комуналците, денеска, во и околу спортско рекреативниот комплекс „Езеро“ во
близина на Прилеп, вршат генерално чистење на паркинзите, пешачките патеки,
детските игралишта, спортскиот терен, но и околу комплексот, при што се отстранува
расфрлан комунален отпад, но и стари исушени шипови, капини и смреки.

Она што посебно смета, но и претставува опасност за граѓаните при прошетките
низ комплексот е што несовесни граѓани од младата популација, кршат стаклени
шишиња, но и оставаат отпадоци насекаде.

Со топлото време, граѓаните почесто ќе го користат овој спортско рекреативен комплекс, затоа од ЈКП „Комуналец“ апелираат граѓаните да внимаваат на чистотата и
да ги одлагаат отпадоците во контејнерите и кантите за отпад, но и да ги чуваат и
внимаваат поставените реквизити и комуналната урбана опрема. Ка.М.