Фото: Маја Јаневска Илиева

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто.

Како што соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, засега најголема е излезноста во Новаци, каде гласале 67,19 отсто, а најмала во Пласница – 15,5 отсто. Заклучокот е дека гласањето се одвива мирно.

Во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, до 17 часот, излезноста е поголема за околу девет отсто.

Досега до ДИК се доставени 308 приговори, од кои 85 се усвоени, 27 отфрлени како неуредни, а 38 се одбиени. Останатите се во процес на обработка.