Американскиот претседател Џозеф Бајден направи нови лапсуси во јавните обраќања – украинскиот претседател Володимир Зеленски го претстави како „претседател Путин“ а неговата потпретседател Камала Харис ја нарече „Трамп“.
Бајден направи грешка на последниот ден од самитот на НАТО во Вашингтон, само еден час пред прес-конференцијата наречена „да се биде или не“ за неговата кампања, додека се поголем број политички сојузници и донатори го повикуваат да се повлече од трката за новиот мандат на шефот на државата – пренесува „Танјуг“.
Завршувајќи ги воведните зборови, Бајден му даде збор на Зеленски, велејќи:
„Сега сакам да му дадам збор на претседателот на Украина, кој има толку храброст колку што има решителност“, а потоа додаде: „Дами и господа, претседателот Путин“.
🇺🇸🇺🇦 Watch Zelensky’s reaction as Biden calls him Putin 😭 pic.twitter.com/TfVoAoryDX
— Censored Men (@CensoredMen) July 11, 2024
Според западните медиуми, Зеленски останал во целосно чудење откако Бајден го нарекол со името на рускиот претседател против кого војува.
Бидејќи имаше негодување од публиката, Бајден ја сфатил грешката и се поправил велејќи: „Ќе го победиме претседателот Путин, претседателот Зеленски“ и „Толку сум фокусиран да го победам Путин“.
После тоа, на прес-конференцијата одржана по самитот на НАТО во Вашингтон, Бајден направил уште еден лапсус:
– Слушајте, јас не би ја избрал потпретседателката Трамп за потпретседател ако таа не беше квалификувана да го направи тоа, па да почнеме со тоа – рекој Бајден.
Бајден ова го изјавил како одговор на новинарско прашање на „Ројтерс“ дали има доверба во Камала Харис, актуелниот потпретседател на САД.
– Новите лапсуси на 81-годишниот американски претседател дополнително ќе ја поттикнат загриженоста за неговиот ментален капацитет и веројатно дополнително ќе ја загрозат неговата претседателска кампања – пишува „Ројтерс“.
Агенцијата додава дека секоја изјава на претседателот на САД, кој пелтечел како дете, внимателно се следи по неговиот слаб настап во дебатата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп (78).
Неколку демократски сенатори и претставници на Претставничкиот дом побараа од Бајден да се повлече од изборната трка по дебатата.