- Истражувачите користеа уред монтиран на надворешната страна од вселенската станица „Тјангонг“ за да направат засеци во милиметарски размер
Кинеските научници први спроведоа прецизно ласерско сечење во орбитата, сечејќи парче „опрема со големи размери“ со роботска рака фиксирана на надворешната страна од вселенската станица „Тјангонг“.
Официјалниот весник „Саенс енд технолоџи дејли“ објави дека засеците во милиметарски размер биле направени со уред за ласерско одржување управуван од „стотици километри оддалеченост“. Прецизното ласерско сечење вклучува фокусирање на зрак светлина за сечење или топење материјал со екстремна точност, што е тежок и ризичен процес во орбитата.
Уредот „тјангонг“ беше развиен заеднички од Универзитетот за наука и технологија „Хуажонг“ (ХУСТ) и Шангајскиот институт за вселенски извори на енергија, при што на истражувачите им требаше само една година за да преминат од почетен дизајн до модел подготвен за лет. Според извештајот, уредот „тјангонг“ работи со користење механизми за позиционирање на повеќе оски и е воден од напреден систем за визија.
– Системот за визија на повеќе нивоа го води, идентификува и позиционира уредот, автоматски завршувајќи високопрецизно ласерско сечење – соопшти Факултетот за машински науки и инженерство на ХУСТ во објава на социјалните мрежи, додавајќи дека автоматските поправки сега можат да се завршат на „тјангонг“, што би помогнало да се продолжи неговиот животен век и да се постават темелите за систем за одржување во орбитата.
































