Најмалку 46 лица загинале во судир на два воза во Шпанија, објавија локалните медиуми. Во железничката несреќа, која се случила на линијата што го поврзува Мадрид со регионот Андалузија, има и голем број повредени.
Шпанските железници соопштија дека железничкиот сообраќај на линијата за брзи возови Мадрид–Андалузија е прекинат поради судирот.
Според весникот „Ел Паис“, екипите на итните служби се на терен и интервенираат по несреќата. Весникот објави и дека два вагона излетале од шините.
Несреќата се случила кратко по 9 часот наутро по локално време, на железничкиот дел меѓу Лос Јебенес и Урда, во покраината Толедо.
Надлежните служби продолжуваат со интервенцијата, а железничкиот сообраќај на погодената линија е во прекин.
































