Следува период на променливо облачно време, со услови за појава на утринска магла во одделни котлини. Од петок, како и во текот на викендот, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен ветер, а утре наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен до силен од северозападен правец, со брзина над 60 километри на час.

































