Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека воената операција против курдските Сили за заштита на народот (ЈПГ), која ја најави Турција во северниот дел на Сирија, не зависи од повлекувањето на американските сили од тој регион.
Чавушоглу во интервју за турската телевизија НТВ порача дека не е реално да се очекува дека САД целосно ќе го соберат оружјето, кое им го дале на сојузниците од ЈПГ.
Инаку, официјална Анкара, Силите за заштита на народот го смета за терористичка организација.