Пожар избувнал денеска над Боговинско Езеро, на Шар Планина, а според надлежните пожарот не претставува опасност за шумскиот фонд.
Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово информираше дека денеска во 11:54 часот од страна на ТППЕ – Тетово бил пријавен пожар над Боговинско Езеро, на Шар Планина.
По добиената пријава РЦУК – Тетово го известил ЈП „Национален парк Шар Планина“.
Од Националниот парк известиле дека се запознаени со пожарот и дека истиот е зафатен на пасишта на непристапен терен, на граничниот појас меѓу Македонија и Косово.
Од Националниот парк дополнително информираат дека пожарот ќе се следи, но поради непристапноста на теренот нема да се интервенира и додаваат дека според добиените информации, пожарот не претставува опасност за шумскиот фонд.
































