Фото: Пексел
  • Таа го почна маратонот во Италија, следејќи мрежа од патеки низ Словенија, Австрија, Германија, Лихтенштајн, Швајцарија и низ Франција, пред да ја заврши трката на медитеранскиот брег во Монако. Вудс истрча 2.000 км за само 29 дена. Британскиот тркач Катерал го постави претходното најбрзо познато време од 35 дена во 2024 година, пишува „Би-би-си“

Ултратркачката Софи Вудс од Нов Зеланд истрча 2.000 км низ осум земји за само 29 дена за да го собори рекордот за завршување на патеката „Виа Алпина“, еден од најтешките предизвици за издржливост во светот, пишува „Би-би-си“. Патеката ја следи целата должина на Алпите, со надморска височина еквивалентна на искачување на Монт Еверест 12 пати. Британскиот тркач Џејк Катерал го постави претходното најбрзо познато време за маршрутата, комплетирајќи ја за 35 дена во 2024 година, пишува „Би-би-си“.
Вудс го почна маратонот на 4 јули во Италија, следејќи мрежа од патеки низ Словенија, Австрија, Германија, Лихтенштајн, Швајцарија и низ Франција, пред да ја заврши трката на медитеранскиот брег, во Монако. Таа и нејзиниот тим се бореа со два топлотни брана, бури, рој коњски муви и пожари што резултираа со заобиколување, кое додаде пет километри и 200 метри опасно искачување на нејзината маршрута. Вудс беше поддржувана по патеката од сопругот Џорџ, пријателката Зои и кучето Нила.
– Одушевена сум, но исцрпена. Претходните неколку дена спиев еден и пол до два и пол часа за навистина да се потрудам на крајот. Имаше неколку точки каде што се чувствував како да не знам како ќе стигнам до финишот на ова. Никогаш не сакав да застанам, но големината на задачата понекогаш беше огромна. Можеби не сум најбрзата, но знам како да правам големи, долги денови во планините и само да продолжам да се движам кога сѐ боли. Првата недела беше ужасна, сѐ беше отечено, сѐ ме болеше. Бев сигурна дека ќе истегнам 15 милиони мускули. Втората недела, исто така, не беше одлична, а потоа третата недела се чувствував како да станувам поподготвена. Беше како да јадам планини за појадок – изјави Вудс за „Би-би-си“. Н.М.