Премиерот Христијан Мицкоски вели дека неговиот став во однос на прашањето за одржување предвремени избори е јасен и оти оваа Влада има мандат до 2028 година, период во кој граѓаните очекуваат власта да ги исполни ветувањата што биле дадени пред изборите. Но, вели, секогаш се подготвени да одговорат на предизвикот на предвремени избори доколку на тоа се предизвикани.
– Опозицијата е оптоварена бидејќи честопати кај нив работи Фројд и тоа е најголемиот проблем што мислам дека во моментот го имаат. Мојот став е јасен дека оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме фокусирани на тој мандат и на тоа да го испорачаме она што граѓаните го очекуваат од нас, вклучително и вакви капитални проекти – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на Сарај.
Но, се разбира, потенцира тој, доколку се предизвикани, тие се тука, подготвени да одговорат на тој предизвик, пренесува МИА.



































