Фото: Локална самоуправа

Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп се на терен и интензивно работат на санација на големиот дефект на примарната водоводна линија на ул. „Леце Котески“ во Прилеп, при што се поплави дворот и дел од објектите на ТППЕ.

Во текот на интервенцијата, активностите се координираат со Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица – Прилеп, со цел дефектот да биде отстранет што е можно побрзо и побезбедно. И покрај тоа што дефектот се наоѓа во непосредна близина на објектот на ТППЕ-Прилеп, противпожарната единица функционира непречено и е целосно подготвена да интервенира доколку се појави потреба.

Поради обемот на зафатот, во текот на денешниот ден, како и утре, ќе има нарушено водоснабдување во овој дел од градот.
Градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски упатува апел за трпение и разбирање до граѓаните во овој дел од градот додека трае санацијата.

– Наш приоритет е водоснабдувањето да биде целосно нормализирано во најкус можен рок – вели Проданоски.

Во текот на денот се испумпува водата, а од Дирекцијата за заштита и спадување велат дека се работи внимателно да не дојде до други несакани последици, бидејќи тука имало и кабли од електрична инсталација.

Ка.М.