Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата на булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје, пренесе МИА.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патничко возило „ауди А4“, управувано од Н.Х. (31) од село Визбегово, како и два мотоцикла – „БМВ“, управуван од М.Ф. (19), и „Хонда ХДВ“, управуван од Н.Б. (21), двајцата од Скопје.
Мотоциклистот М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал.
По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот е лишен од слобода, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Од Јавното обвинителство информираат дека се преземаат истражни дејствија за целосно расчистување на случајот, при што се обезбедени снимки од видео надзор и се постапува по насоки на обвинителството.




































