Почитувани читатели,

На денешниот ден, 4 мај, кога се навршуваат 123 години од смртта на Гоце Делчев – апостолот на македонската слобода – со особена чест ви го претставуваме видеото посветено на неговите зборови.

Ова видео е дел од проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша!“, кој веќе е реализиран од „Нова Македонија“. Преку серија куси клипови, со автентични и колоризирани фотографии на нашите дејци, оживеани со помош на новите технологии и поткрепени со истражување низ историските архиви, го пренесовме духот и визиите на македонските револуционери.

Зборовите на Делчев и денес одекнуваат како силен повик за единство, достоинство и вера во нашата Македонија.

Нека гласот на револуционерите продолжи да живее во нашата сегашност и иднина!