Занимливости
На 24 март 1911 година во Њујорк, САД, е роден светски познатиот цртач и аниматор Џозеф Барбера, чии цртани филмови ги виделе милиони деца низ светот.
Уште додека бил во прво одделение, учителите забележале дека тој е многу талентиран за цртање. Освен што сакал да црта, Барбера бил и добар боксер и освоил неколку награди во овој спорт. Но неговата вистинска љубов биле цртежите и приказните.
Кога пораснал, Барбера почнал да работи во филмско студио, а таму го запознал аниматорот Вилијам Хана. Двајцата брзо станале одличен тим и низ годините на плодна соработка заедно создале повеќе од 2.000 цртани лика. Тие заеднички ја создале и серијата за најпознатите мачор и глушец во светот, Том и Џери, за која дури седум пати освоиле „Оскар“ на популарноста.
Во 1957 година, Хана и Барбера основале своето студио, „Хана-Барбера“, во кое настанале многу познати цртани серии што и денес се гледаат:
Нивните цртани филмови во 1960-тите ги гледале повеќе од 300 милиони луѓе низ светот. Џозеф Барбера починал во 2006 година на 95-годишна возраст, но ликовите што ги создал и денес ги забавуваат децата.
Благодарение на него и на неговиот пријател Вилијам Хана, светот доби некои од најсмешните и најомилени цртани ликови на сите времиња.

































