Фото: Принтскрин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска остро го критикуваше НАТО, изјавувајќи дека без САД, Алијансата е „тигар од хартија“. Тој посочи дека членките на НАТО не сакале да се приклучат во напорите за спречување на Иран да се здобие со нуклеарно оружје.

-Сега, кога е постигната воена победа со многу мал ризик за нив, тие се жалат на високите цени на нафтата, но не сакаат да помогнат во отворањето на Ормутскиот теснец – напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“.

Трамп додаде дека постапката за отворање на Ормутскиот залив е едноставен воен маневар, кој би можел да ја намали цената на енергенсите, но според него, НАТО земјите не покажале подготвеност да учествуваат.

-Толку лесно би можеле да помогнат, со минимален ризик. КУКАВИЦИ, и ние ќе го запомниме тоа! – порача претседателот.