Фото: Пиксабеј

Армијата на САД распоредува дополнителни воени сили на Блискиот Исток, вклучително и три воени брода и околу 2.500 маринци.

Официјални лица потврдија дека меѓу испратените пловни објекти е и USS Boxer, заедно со уште два слични брода, кои веќе се упатени од пристаништето во Сан Диего.

Според извори од американски медиуми, распоредувањето е забрзано и се случува околу три недели порано од првично планираното, но засега не се откриваат детали за нивната конкретна мисија.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не испраќаат сили „никаде“, додавајќи дека доколку тоа се случи, нема однапред да го објави.