НАТО привремено го повлече поголемиот дел од својот персонал од мисијата во Ирак поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток – јавуваат француските медиуми.
Според безбедносни извори, станува збор за превентивна мерка, при што само мал број лица останале на терен.
Мисијата на НАТО во Ирак има задача да им помага и советува ирачките безбедносни сили во борбата против џихадистичките групи и брои стотици припадници.
Таа е сместена во воена база во центарот на Багдад, во близина на амбасадата на САД, која често е мета на напади од проирански групи во контекст на актуелните тензии во регионот.































