Фото: Инсаграм профил /Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на итен прекин на насилството на Блискиот Исток во телефонски разговор со индонезискиот претседател Прабово Субијанто.

– Спиралата на насилство, која започна со нападите врз Иран и се прошири во земјите од Персискиот Залив, мора веднаш да се прекине – се наведува во соопштението на турската Дирекција за комуникации, во која се цитира турскиот претседател.

Ердоган ги осуди, како што ги нарече, израелските провокации насочени кон џамијата Ал-Акса, оценувајќи ги како „неприфатливи“, пренесе МИА.

Тој посочи дека е важно муслиманските заедници да не молчат пред, како што рече, заканите кон светилиштето и ограничувањето на пристапот до него.

Двајцата претседатели разговарале и за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните случувања.