Триесет и седумгодишен маж од Скопје пријавил дека тој и неговата сопруга биле пресретнати од четири лица во подземна гаража на подрачјето на Центар. Според пријавата, тројца од нив го нападнале физички, додека едно лице било вооружено со огнено оружје.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека нападот се случил на 14 март околу 19 часот, а пријавата била поднесена во 23 часот истиот ден. Напаѓачите ги пресретнале во гаражата на зграда, при што едното лице било вооружено, а тројца извршиле физички напад врз пријавителот.
Од Министерството истакнуваат дека се преземаат сите мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителите.


































