Иран упати закани кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху – објавија иранските државни медиуми.
Според полуофицијалната новинска агенција „Мехр“, Иранската револуционерна гарда соопштила дека ќе продолжи да го „гони и ќе го убие со сила“ израелскиот премиер.
Во соопштението се наведува и дека во рамки на 52-от бран напади биле погодени цели на територијата на Израел, како и три американски воени бази во регионот.
Тврдењата на Иранската револуционерна гарда засега не се независно потврдени, а официјални реакции од Израел и САД сè уште нема.































