Фото: Принтскрин

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на европско единство на четвртата годишнина од војната помеѓу Русија и Украина, велејќи дека само колективна сила може да ја заврши војната, пренесе МИА.

– Четири години, секој ден и секоја ноќ беше кошмар за народот на Украина. И не само за нив, туку и за сите нас. Бидејќи војната се врати во Европа. Само со заедничка сила ќе ја завршиме. Судбината на Украина е наша судбина – напиша Мерц на „X“.