Фото: ЕПА

ЗОИ 2026 – ХОКЕЈ НА МРАЗ

  • Во плејофот за пласман меѓу осумте најдобри на ЗОИ 2026 денеска ќе играат Чешка – Данска, Шведска – Летонија, Германија – Франција и Швајцарија – Италија

Директен пласман во четврт-финалето на турнирот во хокеј на мраз на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано и во Кортина д`Ампецо обезбедија Канада, САД и Словачка, како победници на трите групи во групната фаза, и Финска, која беше најдобра меѓу второпласираните репрезентации.
Во плејофот за пласман меѓу осумте најдобри на ЗОИ 2026 денеска ќе играат Чешка – Данска, Шведска – Летонија, Германија – Франција и Швајцарија – Италија. Четврт-финалето на програмата е утре, кога Канада ќе игра со победникот на средбата Чешка – Данска, САД ќе се сретнат со Шведска или со Летонија, Словачка ќе игра со подобриот од дуелот Германија – Франција, а Финска со победникот на плејоф-натпреварот Швајцарија – Италија.
Финска е актуелен олимписки шампион, а Канада е најтрофејна репрезентација, со девет златни медали (има и четири сребра и три бронзи). На годинашниот олимписки турнир по пауза од 12 години во репрезентациите на ЗОИ настапуваат хокеари од најсилната лига во светот, НХЛ. Н.М.