Фото: Маја Јаневска-Илиева/илустрација

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево во двата правца е воведена  од 9.40 часот поради врнежи од снег.

Како што претходно соопшти ЈП „Македонијапат“, од  9.20 часот поради врнежи од снег  воведена е забрана за сообраќај за камиони  и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка, а од 5.45 часот е забранет сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот.

АМСМ и ЈП „Македонија пат“ информираа дека врнежи од снег со променлив интензитет утрово има во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.