„Македонска пошта“ соопшти дека го смета за крајно тенденциозно, несериозно и политички мотивирано организирањето штрајк во услови кога платата за сите вработени е веќе обезбедена. Иако платата на повеќе од 1.700 вработени во „Македонска пошта“ не е исплатена со протестот и 1.700 семејства беа оставени без плата и за најголемите празници, раководството на „Македонска пошта наместо да исплати плата, лиферува лаги и обвинувања кон синдикатите, стои во соопштението на ССМ.
– ССМ цврсто застанува позади работниците и синдикатите во нивната борба за исплата на нивната изработена и заработена плата и на раководството му укажува дека трите синдикати во Пошта, дури и партискиот синдикат кој беше формиран под присила, закани и уцени кон работниците, само за да не се бара исплата или зголемување на плата, заеднички го организираа денешниот протест што се потврдува со заедничкото ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОПШТ ПРОТЕСТ – се вели во соопштението.

































