Бугарски државјанин е лишен од слобода на Граничниот премин Деве Баир, откако кај него биле пронајдени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина, информираше на социјалните мрежи Министерството за внатрешни работи.
Како што информира полицијата, на 12 јануари 2026 година околу 13:30 часот, при влез во државата, полициски службеници го привеле Н.И.Л. (47) од Република Бугарија. При граничната контрола и извршен преглед на патничко возило „хонда џез“ со бугарски регистарски ознаки, во содејство со царински службеници, биле пронајдени и одземени недозволени предмети.
Од Основниот суд Крива Паланка на лицето му била изречена парична казна, како и мерка протерување од земјата во траење од една година.
На 13 јануари 2026 година во 02:10 часот, Н.И.Л. бил спроведен на Граничниот премин Деве Баир и предаден на бугарските погранични полициски служби.































