Виктор Орбан - Фото: „Нова Македонија“

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на денешната прес-конференција изјави дека покрај војната, главните прашања во Новата година ќе бидат енергијата и миграцијата.

Според него националниот суверенитет се повеќе ќе зависи од снабдувањето со енергија, што е исто така најважно прашање за развојот на технологијата.

Орбан посочи дека снабдувањето со енергија, безбедноста и независноста на Унгарија се загарантирани и оти земјата е способна да произведува количини енергија потребни за проширување на своите капацитети.

Според него, некои од регулативите за нафтената и гасната индустрија наметнати од Брисел „се деструктивни за Унгарија“, додавајќи дека земјата се брани од овие правила правно и работи против нив политички.

Според Орбан, втор клучно прашање за годинава ќе биде спроведувањето на договорот за миграција на Брисел.

Ставот на унгарската Влада останува непроменет. Унгарија нема да прифати ниту еден мигрант, нема да гради бегалски кампови и нема да ја менува својата гранична политика. Ние нема да станеме земја на мигранти и нема да прифатиме Брисел да ни кажува со кого треба да живееме, истакна Орбан.