Домување
Сè повеќе луѓе бараат еколошки алтернативи за секојдневните потреби, а домашниот детергент за перење алишта е едноставно решение што штеди пари и се избегнуваат штетните хемикалии. Експертот за еколошки начин на живот, Џен Чилингсуорт, тврди дека правењето домашен детергент е лесно и се користат само три состојки. Сите се нетоксични, биолошки разградливи и безбедни за луѓето и животната средина. Домашниот детергент е идеален за лица со чувствителна кожа и може да се користи во сите типови машини за перење.
Трите клучни состојки се: кристали сода (сода за перење), кои ги отстрануваат маснотиите и ја омекнуваат водата; сода бикарбона, која е природен дезодоранс и антимикробик; сапун од маслиново масло, кој е нежен, антибактериски, погоден за волна, свила и облека за бебиња. По желба, додадете неколку капки есенцијално масло за пријатен мирис.
Како да се направи домашен детергент? Измешајте 25 г кристали сода и 25 г сода бикарбона во сад. Изрендајте 25 г сапун од маслиново масло и додадете го во садот. По желба додадете 30 капки од омиленото есенцијално масло. Добро измешајте го и ставете го во тегла за чување. Овој детергент се користи на ист начин како купениот, а заштедата и еколошката корист се дополнителен плус. За секое полнење на машината користете го препорачаното количество, како што би користеле обичен детергент. Може да се користи за сите видови ткаенини, вклучувајќи чувствителни. За потешки дамки, можеби ќе биде потребно мало дополнително количество или претходна обработка.































