Фото: ЕПА

АТЛЕТИКА

  • Швеѓанецот постави светски рекорди во скок со стап и на Олимписки игри и на светски првенства во атлетика во претходните две сезони, но досега не и на европски шампионат. „Значи тоа е нешто што морам да го направам. Би било одлично ако можам да го сторам тоа во Бирмингем, само треба да се подготвам. Можам да го направам тоа. Претпоставувам со помалку зборување, а повеќе со работа“, вели Дуплантис за Европската атлетика

Новокрунисаниот атлетичар на годината, Арманд Дуплантис, ги откри своите амбиции да го собори светскиот рекорд во скок со стап за мажи на Европското првенство (ЕП) во атлетика во Бирмингем следното лето.
– Претпоставувам дека не сум соборил светскиот рекорд на ЕП. Значи тоа е нешто што морам да го направам. Би било одлично ако можам да го сторам тоа во Бирмингем, само треба да се подготвам. Можам да го направам тоа. Претпоставувам со помалку зборување, а повеќе со работа? Само од мене зависи да бидам во вистинската форма и дека сум подготвен да го направам тоа кога ќе дојде време. Но возбуден сум пред Бирмингем – изјави Дуплантис во видеоинтервјуто за Европската атлетика (ЕА).
Швеѓанецот постави светски рекорди и на Олимписки игри и на светски првенства во атлетика во претходните две сезони. Тој го поставуваше светскиот рекорд во 14 одделни настапи од 2020 година, вклучувајќи четири пати годинава, оставајќи го рекордот на огромни 6,3 метри во Токио, во септември, кога ја освои својата трета светска титула.
Тој уште не го соборил светскиот рекорд на ЕП во атлетика, иако постави светски рекорд до 20 години, кога ја освои својата прва голема титула во Берлин во 2018 година, со скок од 6,05 метри, што беше и прв негов скок над шест метри.
Во интервјуто, тој се осврна на уште една одлична година во која го освои и своето трето злато на светско првенство во сала, петти пат триумфира во финалето на Дијамантската лига и ја освои својата трета награда за европски атлетичар на годината во машка конкуренција на доделувањето на наградите „Златна патека“.
– Многу е тешко да сфатам сѐ и да разберам што сѐ се случило и што сѐ сум успеал да постигнам. Но мислам дека можноста да победам и да бидам почестен со толку неверојатни награди ми помага да можам да сфатам сѐ и навистина да го ценам она што сум го направил – рече тој за ЕА.
ЕП 2026 во Бирмингем на програмата е од 10 до 16 август в година и ќе биде еден од најголемите меѓународни спортски настани. Г.И.