Фото: Пиксабеј / Илустрација

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека Техеран не сака директни преговори со САД за неговата нуклеарна или ракетна програма и повтори дека Иран нема да се откаже од збогатувањето на ураниум.

– Никогаш нема да преговараме за нашата ракетна програма и ниедна рационална личност не би се разоружала. Не можеме да го запреме збогатувањето ураниум, а тоа што не може да се постигне со војна, може да се постигне со политика – рече тој.

Арагчи рече дека иако Техеран не сака директни разговори со Вашингтон, може да постигне договор преку индиректни разговори, објави Ал Џезира.

Според него, Иран е подготвен да преговара за да ја отстрани загриженоста за неговата нуклеарна програма и повтори дека нејзината природа е „мирнодопска“.

– Постигнувањето фер договор е можно, но Вашингтон предложи неприфатливи и невозможни услови – додаде првиот ирански дипломат.