Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја исклучува можноста да се кандидира за потпретседател на изборите во 2028 година, пристап што некои од неговите поддржувачи го предложија како заобиколен начин републиканскиот претседател да добие нов претседателски мандат.
– Би смеел да го направам тоа. Не би го направил. Мислам дека е премногу суетно. Да, би го исклучил тоа затоа што е премногу суетно. Мислам дека на луѓето не би им се допаднало. Суетно е. Не, не би било исправно – им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион.
Никој не може да биде избран за американски претседател по трет пат, според 22-от амандман на американскиот Устав. Некои предложија дека ова би можело да се заобиколи доколку Трамп се кандидира за потпретседател со друг претседателски кандидат кој потоа би поднел оставка, со што на Трамп би му се овозможило повторно да стане претседател. Критичарите ја оспоруваат законитоста на таков маневар.

































