Фото: Х/ Министерство за надворешни работи на Русија

Русија соопшти дека нејзиниот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, и неговито американски колега, државниот секретар, Марко Рубио, задолжени за подготовка на самитот меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, имале „конструктивен“ разговор, јавија британските медиуми.

Лавров и Рубио разговарале за можни конкретни чекори за спроведување на идеите постигнати за време на телефонските разговори на 16 октомври меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти руското Министерство за надворешни работи по телефонскиот разговор меѓу двајцата први дипломати, цитирани од руските медиуми.