Фото: Пиксабеј

Нега и убавина

И покрај желбата за повеќе слободно време, многумина не само што не умеат да го искористат тоа време на правилен начин туку развиваат и чувство на вина што ја занемаруваат работата. Постојано се мисли дека за луѓето се најважни парите и дека ако се платени повеќе, ќе работат подобро. Сепак, едно американско истражување покажало дека и слободното време е високо на листата на потреби.
Истражувањето покажало дека мнозинството вработени претпочитаат еден ден одмор повеќе отколку повисока плата. Сепак, и покрај желбата за повеќе слободни денови, многумина не умеат да го искористат тоа време на правилен начин. Тие дури може да имаат и чувство на вина што ја занемаруваат работата. Чувството на вина произлегува од верувањата и научените обрасци. Слободното време и уживањето во животот се клучни за растот и долгорочната продуктивност. Мозокот навикнат на постојана активност тешко прифаќа мир и може да испраќа сигнали дека нешто не е во ред кога лицето ќе престане да работи и веќе не прима информации.
Современиот свет создава сѐ повеќе обврски и развива напнатост кај луѓето. А кога сме напнати, нашиот мозок ги памети тие ситуации и ги повторува. И кога одиме на одмор, напнатоста може да се појави и таму, а луѓето да не се свесни за причината, односно дека нивниот мозок е префрлен во мод на борба за преживување или стекнување. Суштината е во тоа на што сме навикнати да мислиме, а тие шеми тешко се менуваат без помош од психотерапевт.