МД Илинден, Тирана

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, од име на македонското национално малцинство во Република Албанија, му го честиташе изборот, за претседател на парламентот, на Нико Пелеши, кој често кажува дека „македонската заедница е прекрасна, вредна и почитувана заедница, што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности во Албанија“.

-Дозволете ми, во име на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви го честитаме изборот на функцијата претседател на Собранието на Република Албанија и да ви посакаме успех. Македонското национално малцинство во Република Албанија ве поддржува безрезервно и е убедено во вашиот успех. Веруваме, се додава, дека со вашето водство на Собранието ќе помогнете во подобрувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија – стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.