Фото Маја Јаневска Илиева

По нападите на коалицијата ВЛЕН, на која беа повторени веќе институционално затворени обвинувања, кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, со јасен став до јавноста: „Тие ги имаат добиено анкетите, во кои јасно се гледа дека разликата меѓу мене и нивниот кандидат изнесува 10%, и сега се во паника. Затоа се обидуваат да отвораат прашања за кои граѓаните вообичаено нив ги обвинуваат – дека се корумпирани и дека 20 години на најкоруптивен начин ја воделе општината,“ изјави Османи – се вели во соопштението од ДУИ кое МИА го пренесува интегрално.

Османи потсети дека уште пред да заврши Самитот на ОБСЕ лично ја доставил целата документација до релевантните институции.

– Јас лично ја доставив целата документација во Државната комисија за спречување на корупцијата и во Обвинителството. ДКСК, по неколку недели, излезе со констатација дека нема никакви неправилности. И Јавното обвинителство потврди дека нема неправилности. Ниту имало ревизија на ОБСЕ, туку на Борис Трајковски, и тоа во врска со тоа како тие ја прифатиле опремата – појасни Османи.

Во завршницата, Османи подвлече дека неговиот најголем политички капитал останува неговиот кредибилитет: „Ако има нешто по кое јас се разликувам, тоа е фактот дека никој, во целата моја политичка кариера, не може да ме обвини за корупција. Тоа е мојот најголем капитал во политиката, политичкиот интегритет и човечкиот кредибилитет.“ – заклучи Османи.

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денес јавно реагираше на новите обвинувања на премиерот Мицкоски дека ДУИ наводно подготвувала хаос за време на изборите.

– Ја знаете приказната за волкот: еднаш ќе викнете, двапати, трипати и потоа никој повеќе не ви верува. Мицкоски една година најавува, најавуваше станови во Чаир со вооружени групи, па најавуваше дестабилизација. Па ‘ДУИ ќе прави ова, ДУИ ќе прави она’, и гледате дека луѓето веќе не го слушаат. Не му веруваат. Затоа што може еднаш да измислите лага, вторпат, третпат, но потоа веќе никој не ве зема за сериозно – рече Османи.

Тој му порача на премиерот дека ваквиот политички наратив му штетат не само нему, туку и на институцијата што ја претставува.

– Мојот предлог до Мицкоски е да престане со овој наратив, затоа што изгледа лошо. Сепак, тој е премиер на мојата држава и важно е дали премиерот дава изјави со кои станува несериозен пред граѓаните – нагласи Османи.

Тој, исто така, упати и сериозни критики на сметка на етничката исклученост која доаѓа од највисоките ешалони на власта.

– Секој ден тропам на вратите на Чаир, зборувам со многу Македонци кои сами ми велат дека она што го прави Мицкоски, обидите за понижување на Албанците и создавање поделби меѓу Македонци и Албанци, најмногу ги загрижува токму Македонците во Чаир, бидејќи тие се малцинство тука. Кога тие слушаат како премиерот секој ден ги навредува нивните сограѓани Албанци, кога им порачува дека ќе ги ‘влече за уши’ или дека ‘не ја сакаат државата’, тие тоа го доживуваат како навреда – вели Османи.

Затоа, подвлече тој, Чаир ќе даде силна порака:

– Најважен е соживотот во Чаир. Не мешајте националистички пароли, затоа што соживотот е основа. И токму затоа анкетите им покажуваат пад од околу 150 илјади гласови на ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа, сега се обидуваат да ја градат својата кампања на сметка на ДУИ и на сметка на некаква албанофобија, за која мислат дека постои кај нивните поддржувачи. Но верувајте, и на нивните поддржувачи им е  најважен соживотот и почитувањето на сограѓаните Албанци. Многу се лутат на премиерот што постојано се обидува да ги навреди Албанците за да добие политички поен повеќе – додаде Османи.